Во Астана почна третата рунда преговори за Сирија

Во Астана почнаа нови преговори за Сирија.

Се очекува серија билатерални и трилатерални консултации. Во моментов е во тек средбата на руската делегација предводена од специјалниот претставник на претседателот на РФ Александар Лаврентјев со претставниците на ООН на чело со Милош Стругар.

Делегацијата на САД е предводена од амбасадорот во Казахстан Џорџ Крол и претставник од Вашингтон. Турција и Иран се претставени на ниво на заменици-министри.

Како што соопшти министерот за надворешни работи на Казахстан Кајрат Абдрахманов, денеска се очекува да пристигне делегација на вооружената опозициска група од Сирија „Јужен фронт“.

На средбата во Астана, според него, ќе бидат дискутирани прашања за формирање работна група за размена на заробеници и деминирање на хуманитарните објекти, пренесува „Лента.ру“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња