Турција е подготвена да купи противвоздушни ракетни системи С-400 доколку Русија ѝ даде кредит, изјави во програмата на телевизијата „Русија 24“ генералниот директор на „Ростех“ Сергеј Чемезов.
„Од Турција изразуваат желба, би сакале да добијат кредит, но прашањето засега не е решено. Министерството за финансии ги води преговорите – штом биде потпишан договор и биде донесена одлука за износот на кредитот, тогаш веќе ќе потпишеме договор за испорака меѓу другото и на С-400“, изјави тој, пренесува РИА „Новости“.
Претходно министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу изјави дека Анкара разгледува различни опции за својата противракетна одбрана и дека С-400 е една од нив.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче