Путин го обвини Западот за манипулација со антикорупциските комисии

Русија, за разлика од некои западни земји, никогаш не дозволувала создавање некакви антикорупциски комисии со цел манипулација во внатрешнополитичката сфера, изјави претседателот на Русија Владимир Путин.

„Знаете, некои земји кои претендираат на глобално лидерство, или ако сакаме да бидеме попрецизни, претендираат на глобална доминација, почнаа да воведуваат практика на формирање таканаречени антикорупциски комисии -  паралелни органи на власта“, изјави Путин на завршната седница на колегиумот на Генералното обвинителство на Русија.

Според зборовите на шефот на руската држава, споменатите комисии најчесто не служат за целта заради која се формирани, туку за манипулација во внатрешнополитичката сфера.

„Русија, се разбира, никогаш нема да дозволи слична појава, меѓутоа во некои земји такви структури се веќе создадени – во источноевропските. Меѓутоа, за да се обезбедат интересите на граѓаните самите треба да бидеме а) беспрекорно чесни и б) ефикасни во борбата против корупцијата и кршењето на законите во најширока смисла на зборот“, потенцираше рускиот претседател, пренесува РИА „Новости“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.