„Кандидатурата на Грушко се разгледува меѓу главните за таа функција“, изјави соговорникот на РИА „Новости“.
Втор извор во Долниот дом на парламентот ја потврди оваа информација.
Покрај тоа, уште два други извора потврдно одговорија на прашањето дали Грушко е главен кандидат за функцијата постојан претставник на Русија во ООН.
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Кремљ сѐ уште нема решено кому ќе ја додели функцијата постојан претставник.
Местото на постојан претставник на Русија во ООН остана празно на 20 февруари по смртта на Виталиј Чуркин, кој ја вршеше таа функција од април 2006 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче