Јулија Самојлова ќе ја претставува Русија на „Евровизија 2017“

На „Песна на Евровизија“, кој годинава ќе се одржи во Киев, Русија ќе биде претставена од пејачката Јулија Самојлова.

Шефот на руската делегација на „Евровизија 2017“ Јуриј Аксјута соопшти дека Русија на натпреварувањето ќе биде претставена од пејачката Јулија Самојлова. Јулија од дете е во инвалидска количка.

Самојлова ќе настапи на конкурсот со песната Flame Is Burning (Пламенот гори), чиј автор на музиката  текстот е Леонид Гуткин.

„Русија во Киев ќе ја претставува Јулија Самојлова, чие исполнување на песната за љубовта Flame Is Burning остави најсилен впечаток“, се вели во соопштението на „Прв канал“ што го пренесува RT.

„Јуља е оригинална пејачка, шармантна девојка и искусен натпреварувач. Музичката кариера бара голема доза на емоционален и физички стрес кој многу малку луѓе можат да го издржат. Фасциниран сум од тоа колкав успех Јуља постигнува на тој пат. Мислам дека на 11 мај милиони гледачи низ целиот свет ќе го споделат тоа чувство со нас“, изјави Аксјута.

Јулија Самојлова е родена 1989 година во Република Коми. Во 2014 година Самојлова настапуваше на церемонијата на отворањето на зимските Параолимписки игри.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња