Белата куќа ги коментираше шансите за средба меѓу Путин и Трамп на Г-20

Тимот на американскиот претседател Доналд Трамп активно се занимава со подготовка на неговите средби со странски колеги на претстојниот самит на Г-20 во јули, но засега нема никакви конкретни детали за можноста за разговори со претседателот на Русија Владимир Путин, изјави портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер.

„Немам датум“, изјави Спајсер како одговор на прашањето за средба на Путин и Трамп на самитот на Г-20, без да прецизира, исто така, дали е можно тоа да се случи пред јулската меѓународна средба на највисоко ниво, пренесува „Взгљад“.

„Знам дека тимот извонредно активно работи на билатералните средби на Г-20“, додаде портпаролот на Белата куќа, истакнувајќи дека нема никакви информации за конкретна средба меѓу Путин и Трамп.

Претходно портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков изјави во интервју за телевизијата Си-Ен-Ен дека средбата меѓу Путин и Трамп може да се одржи на самитот на Г-20 во Хамбург во јули.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња