Асад: Русија постигна успех во борбата со тероризмот заедно со Сирија

Доказ за тоа служи враќањето под контрола на Алепо и ослободувањето на Палмира, изјави сирискиот претседател Башар Асад.

Русија постигна успеси во борбата со тероризмот заедно со сириската армија, а како доказ за тоа служи враќањето под контрола на Алепо и неодамнешното ослободување на Палмира, изјави во интервју за група репортери од европските медиуми претседателот на Сирија Башар Асад, пренесува ТАСС.

„Уште пред да ги испрати Русија своите ВКС во Сирија, односно од самиот почеток на војната пред шест години, ние се консултиравме за сите политички, а пота воени прашања“, го цитира Асад информативната агенција САНА.

Тој потсети дека односите на Сирија и Русија се стари повеќе од шест децении.

„Руската политика секогаш се одликувала со почит кон суверенитетот на секоја држава“, потенцира Асад.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња