„Тоа е апсолутно бесмислено... Тоа е лов на вештерки, во чија основа лежат параноја и хистерија. Обично токму Русите стануваат параноични и хистерични. Непријатно ми е што тие теории на заговор и параноја потекнуваат од Американците“, изјави за „Хил“ Вејн Мери, виш научен соработник на Американскиот совет за надворешна политика (AFPC), кој работеше во Русија како дипломат и се познава со Кисљак неколку децении.
Поранешните амбасадори на САД во Русија Мајкл Мекфол и Џон Баерли исто така застанаа во одбрана на Кисљак. Обајцата сметаат дека Русинот едноставно си ја вршел својата работа и дека никаков „контакт“ меѓу него и администрацијата на Трамп немало.
„Работата на Кисљак се состои во средби со претставници на владата и луѓе од изборниот штаб, мислам дека тој добро си ја врши работата“, изјави Мекфол. Тој потенцираш дека не е во ред таквите средби да се сметаат за престап или да се попречуваат.
„Последниве денови Вашингтон чувствува дека се души од секоја приказна за Трамп или за Русите“, истакна Баерли.
Притоа тој изјави дека е потребно да се истражат можните врски на администрацијата на претседателот на САД, меѓутоа, според него, да се прави од Кисљак негативец – тоа е „промашен напад“, пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче