Песков: рускиот амбасадор во САД работи како и секој американски амбасадор

Според портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, комуникацијата на амбасадорот на РФ во САД со членовите на тимовите на Доналд Трамп и Хилари Клинтон во предизборната кампања не излегувала надвор од рамките на работните овластувања на дипломатот.

Ова за телевизијата Си-Ен-Ен го изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

Дел од интервјуто со Песков беше објавен на сајтот на Си-Ен-Ен и е по повод прикажувањето на филмот „Најмоќниот човек на светот“, посветен на претседателот на РФ Владимир Путин.

„Тоа му е работа (на Кисљак). Тој разговараше за билатералните односи, за тоа што се случува во САД, за да имаме подобро претстава во Москва“, истакна Песков, одговарајќи на прашањето на водителот за средбите на рускиот амбасадор со луѓе од опкружувањето на Трамп.

Според него, таквите средби „во никој случај не смеат да се претставуваат како мешање во изборниот процес“. „Со тоа се занимава секој амбасадор на Русија во секоја земја, и со тоа се занимава секој амбасадор на САД во странство, вклучувајќи ја и Москва. Колку повеќе амбасадорот разговара со луѓето во земјата на неговиот престој, толку подобро се справува со својата работа“, објасни портпаролот на Кремљ.

„Ако погледнете некои лица, кои беа поврзани со неа (Хилари Клинтон) во текот на предизборната кампања, тогаш, веројатно, ќе сфатите дека тој (амбасадорот на РФ) имал многу такви средби. Но немаше средби кои се однесуваа на изборите, изборниот процес“, потенцира Песков, пренесува ТАСС.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња