Воздушно-космичките сили на Русија годинава ќе добијат 16 нови авиони Су-34

Руските Воздушно-космички сили имаат нарачано вкупно 92 ловци-бомбардери Су-34, изјави заменик-министерот за одбрана на Русија Јуриј Борисов.

Во 2017 година Воздушно-космичките сили на Русија ќе добијат 16 нови ловци-бомбардери Су-34. Вкупно се порачани 92 вакви летала, изјави заменик-министерот за одбрана на Русија Јуриј Борисов при неговата посета на Новосибирскиот авијациски завод „Чкалов“.

„Новосибирскиот авијациски завод има долготраен договор со Министерството за одбрана за 92 авиони Су-34 и го исполнува практично една година пред рокот. Годинава очекуваме надвор од планот испорака на четири авиони, а вкупниот обем на нарачка за тековната година е 16 Су-34“, изјави заменик-министерот.

Според него, во финална фаза на производство се наоѓаат девет авиони.

Борисов исто така ги истакна и високите карактеристики на Су-34.

„Тој се препорача во најдобро светло во сирискиот конфликт, има огромен потенцијал за модернизација и претставува авион практично од новата генерација“, изјави тој, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња