Претседателот на САД Доналд Трамп ќе ја замоли канцеларката на Германија Ангела Меркел да го сподели нејзиното мислење за тоа како САД можат да помогнат да се реши конфликтот на истокот на Украина во текот на нивната средба наредната недела, соопштува „Ројтерс“.
Ова го изјавија високи службеници на администрацијата на американскиот лидер.
Според нив, Трамп исто така сака да го слушне мислењето на Меркел како да соработува со претседателот на Русија Владимир Путин.
За 14 март е планирана официјална посета на канцеларката на Германија на Вашингтон и во нејзини рамки се планира средба меѓу Трамп и Меркел, пишува „Газета.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче