САД планираат средба на коалицијата за борба против ИД без Русија

Вашингтон планира средба на коалицијата, предводена од САД, за борба против терористичката група „Исламска држава“ на Блискиот Исток, на која Русија нема да учествува.

Вашингтон планира средба на коалицијата, предводена од САД, за борба против терористичката група „Исламска држава“ на Блискиот Исток. Русија нема да присуствува на преговорите, соопшти во четвртокот вршителот на должноста портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер, се вели на сајтот на американскиот дипломатски ресор.

Средбата на министерско ниво ќе се одржи со учество на претставниците на сите 68 земји-членки на коалицијата. „Тоа ќе биде најголемиот собир од моментот на нејзиното прво заседание во 2014 година... Русија нема да присуствува на преговорите, затоа што таа не е дел од коалицијата“, истакна Тонер, пренесува „Лента.ру“.

Состанокот на министрите за надворешни работи на коалицијата ќе се одржи на 22—23 март, пренесува „Ројтерс“. САД ќе ги претставува државниот секретар на САД Рекс Тилерсон.

Оваа вест наиде на реакција во Русија. Сенаторот Алексеј Пушков на својот „Твитер“ профил напиша:

„Шеесет и осум земји кои спаѓаат во западната коалиција, ќе дискутираат за борба против ИД без Русија. Може да се среќаваат и дискутираат без Русија, да победат – не можат“, напиша Пушков, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња