„Блумберг“: Тереза Меј вети дека ќе го заштити Балканот од руска агресија

На самитот на ЕУ, британскиот премиер Тереза Меј ја обвини Москва за вмешаност во заговор за атентат врз поранешниот премиер на Црна Гора и ширење на лажни информации во балканскиот регион. Меј ги повика европските колеги да ѝ се даде решителен отпор на Русија и да се заштитат земјите од Западен Балкан од нејзиното опасно влијание, соопштува „Блумберг“.

Британскиот премиер Тереза Меј ги повика европските сојузници да пружат порешителен отпор на руската агресија и изрази загриженост во врска со заговорот за атентат врз поранешниот премиер на Црна Гора во кој, како што смета таа, е вмешана Русија, соопштува „Блумберг“.

 На состанокот во Брисел Меј ја повика меѓународната заедница да покаже посветеност на безбедноста на Западен Балкан и вети дека ќе ја зголеми британската помош за регионот.

„Имам намера отворено да ја изразам својата загриженост во врска со можното зголемување на нестабилноста во регионот и опасноста што оваа нестабилност ја претставува за нашата заедничка безбедност“, изјави Меј пред пристигнувањето на Самитот на ЕУ. „Во светлото на претпоставките за постоење на заговор за државен удар во Црна Гора, јас имам намера да повикам на понатамошни напори за спречување на дестабилизирачките ефекти на руската кампања за дезинформирање и кон појасна посветеност на благосостојбата на регионот“, додаде британската премиерка.

Тереза Меј, исто така, истакна дека Велика Британија ја интензивира соработката во сферата на безбедноста со земјите од регионот, најмногу во сферата на сајбер-заканите и борбата против организираниот криминал, а во 2018 година ќе биде домаќин на самитот на земјите од Западен Балкан, пренесува RT.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња