Лукашенко: Нашите односи со Русија не се сведуваат на сметководство

Сметководството не смее да биде во основата на белоруско-руските односи, изјави претседателот на Белорусија Александар Лукашенко

„Најмногу ме изненадија изјавите на мојот стар пријател Медведев“, изјави претседателот на Белорусија Александар Лукашенко на советувањето за актуелните прашања за развојот на земјата. „Веќе почнуваат да нѐ плашат дека ќе купуваме природен гас по европски цени. Наводно, ќе плаќаме 150, туку 200 долари.“

Лукашенко смета дека на тој начин руското раководство алудира на тоа дека Белорусија зависи од Русија. „Наводно тие нешто ни подаруваат Не сакам да навлегувам во детали, но Медведев мора да сфати дека ако плаќаме како во Европа и тој ќе мора да плати нешто. И цената ќе биде далеку повисока од цената за природен гас“, се закани Лукашенко, пренесува белоруската агенција „Белта“. 

„Мене и на мнозинството Руси досега им се чинеше дека односите меѓу Белорусија и Русија не се сведуваат на сметководство. Сметководството и цената на природниот гас, кој не му припаѓа на Медведев, не смеат да бидат во основата на нашите односи, истакна белорускиот лидер. „Во основа има нешто повеќе. И за да се оценат тие односи, мораме да се сетиме на средината од минатиот век, кога изгубивме половина од населението, и самите знаете како и зошто. И ако некој сака да ја влоши ситуацијата, уште еднаш да нѐ обвини за нешто, нема да му успее“, рече Лукашенко.

Белорускиот претседател во продолжение „кратко и јасно“ рече дека Белорусија не сака ниски цени на гасот. „Ние сакаме раководството на братска Русија да ги исполни своите обврски. Ако веќе го формираме нашиот сојуз, тогаш нашите луѓе и претпријатијата, бизнисот мора да имаат еднакви услови на тој пазар. Ако некојси таму многу паметен мисли дека секогаш може да нѐ фрли на колена, тој филм нема да го гледа“, додаде претседателот на Белорусија.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња