„Мислам, доколку се откријат модалитети за соработка кои реално одговараат на американските интереси, и ако нашата администрација успее сето тоа уредно да го сработи и да дојде до консензус на сите заинтересирани страни, не сметам дека прозорецот (на можности) несомнено ќе се покаже затворени“, изјави Антон.
Тој призна дека информативната кампања во медиумите не придонесува за изградба на односите со Русија, меѓутоа „и не ги предодредува неговите (на процесот) резултати“.
За да заврши процесот на усогласување на политичките пристапи, потребни се месеци, изјави претставникот на Белата куќа. Притоа тој не исклучува дека обидот за договор со Москва може на крај да заврши без резултат.
„Не е исклучено ние да имаме меѓуресорски процес и да одлучиме дека не гледаме пат кон успешно функционирање на сето тоа. Дека во пракса никој не гледа како може да се постигне тоа“, изјави Антон, пренесува „Лента.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче