Путин го честиташе 8 март со стихови на Баљмонт

„Вие го исполнувате овој свет со убавина и животна енергија, го греете со нежност и душевна дарежливост, креирате атмосфера на удобност, срдечност и хармонија”, изјави Путин во честитката по повод 8 март.

Претседателот на Русија Владимир Путин им го честиташе на жените 8 март со стихови на Константин Баљмонт.

Шефот на руската држава им се обрати на сите жени на Русија со традиционалната честитка по повод Меѓународниот ден на жените, истакнувајќи ја нежноста, грижата и душевните карактеристики на руските жени.

„Вие го исполнувате овој свет со убавина и животна енергија, го греете со нежност и душевна дарежливост, креирате атмосфера на удобност, срдечност и хармонија. Во вашата грижа за децата и внуците, за своето семејство, не постојат неработни денови. Дури и денес, на вашиот ден, вие сте сепак со работа и грижи, не се штедите себеси, постигнувате сѐ. И ние често мислиме: како сето тоа ви поаѓа од рака? Но најважно е дека ве сакаме и цениме“, изјави Путин, пренесува РИА „Новости”.

Претседателот на Русија истакна дека не е случајно што сите мажи со векови им посветувале музика и стихови на жените и истакна дека за жената многу сликовито и точно пишувал еден од поетите на рускиот Сребрен век Константин Баљмонт.

„Жената е со нас кога се раѓаме, жената е со нас во последниот час. Жената е барјакот кога страдаме, жената е радоста на будењата наши“, ги цитираше Путин стиховите на Баљмонт.

„Ние во жената бараме и наоѓаме сѐ: и инспирација, и утеха. Жената е изворот на нашиот живот и негово продолжување во децата. Но и на жените им е потребна нашата машка поддршка. Ние тоа нема да го заборавиме. И не само денес. Ќе правиме сѐ нашите сакани да бидат опкружени со внимание и грижа, за почесто да се смеат“, истакна рускиот лидер во своето обраќање, посакувајќи им на жените здравеј, успех, радост и среќа.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња