Системите за вооружување вградени во американските стратешки бомбардери за десет години нема да можат да се изборат со руската противвоздушна одбрана и затоа треба да се модернизираат, изјави заменик-началникот на Здружениот комитет на генералштабовите на ВС САД генерал Пол Селва, пренесува РИА „Новости“.
На расправата во Конгресот генералот потсети дека бомбардерите Б-52, основата на воздушните стратешки сили на САД, се произведени во 50-те и 60-те години од минатиот век, а крстосувачките ракети и бомбите што тие ги носат потекнуваат од 70-те.
„Ние знаеме дека тие денеска се во борбена функција, меѓутоа не можеме да ги задржиме. За десет години тие системи на вооружување нема да можат да ѝ се спротивстават на руската противвоздушна одбрана и затоа итно треба да бидат заменети“, изјави Селва.
САД и Русија се единствените земји на светот кои располагаат со таканаречена нуклеарна тријада – нуклеарни сили со копнено, поморско и воздушно базирање.
Претходната американска администрација на Барак Обама ја одобри програмата за сеопфатна модернизација на американската нуклеарна тријада во траење од 30 години, чија вредност изнесува околу 1 трилион долари. Во наредната деценија со таа цел се планирани средства во износ од околу 400 милијарди долари.
Претседателот на САД Доналд Трамп, пак, вети проширување на нуклеарниот арсенал на САД и најави „историско зголемување на трошоците за одбрана“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче