Киев ќе му ја достави на судот во Хаг кореспонденцијата со Москва

МНР Украина донесе одлука да му ги презентира на Меѓународниот суд во Хаг сите дипломатски ноти кои ги доставила до Русија од почетокот на конфликтот во Донбас.

Ова го соопштува „Украинска правда“ повикувајќи се на еден од членовите на украинската делегација во судот Богдан Крикливенко.

„Господинот Рогачов (претставникот на Русија Илја Рогачов) вели дека Украина не ѝ презентирала на Русија конкретни случаи на прекршоци. Тој вели дека секој документ содржел само генерални работи. Меѓутоа, тој не му ги достави на судот сите без исклучок документи од дипломатската преписка“, изјави Крикливенко.

Тој потенцираше дека украинската страна „немала намера да го затрупа судот со толкав број на документи“, но сега ќе му ги предаде на судот останатите ноти, пренесува RT.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња