„Вол Стрит Џурнал“:Трамп со неочекувано пожесток став спрема Русија

Претседателот на САД Доналд Трамп неочекувано реши да ја затегне политиката спрема Москва, што предизвика одобрување кај голем број сојузници на Вашингтон во Европа, пишува „Вол Стрит Џурнал“.

Како што пишува „Вол Стрит Џурнал“, во текот на предизборната кампања и во текот на трансферот на власта Трамп зборуваше за Русија со помирлив тон и го критикуваше НАТО, меѓутоа по стапувањето на должноста претседател тој именуваше за помошници приврзаници на жестока линија спрема Кремљ. Како резултат на тоа и Трамп почна повеќе да се изјаснува за поддршка на Северноатлантската алијанса.

Изданието соопштува дека „неочекуваната промена на курсот на администрацијата на САД кон пожесток спрема Русија беше пречекана со аплауз во Европа и предизвика тревога во Москва“.

Минатата недела Трамп одржа средба со своите помошници, во текот на која во остра форма го критикуваше својот тим во врска со напливот од написи за „врските со Русија“, пишува „Взгљад“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња