Озеров: ПРО на САД во Јужна Кореја е нов предизвик за Русија

Тестирањето на балистички ракети од страна на Северна Кореја е само изговор за Вашингтон за распоредување ПРО во Јужна Кореја, изјави претседателот на комитетот на Советот на Федерацијата за одбрана и безбедност Виктор Озеров.

Распоредувањето на американски систем за ПРО во Јужна Кореја претставува уште еден предизвик за Русија со кој Русија ќе се „разбере“; тестирањата на балистички ракети од страна на Пјонгјанг е само изговор за таквите потези на Вашингтон, изјави за РИА „Новости“ претседателот на комитетот на Советот на Федерацијата за одбрана и безбедност Виктор Озеров.

Агенцијата „„Јонхап“ соопшти дека САД почнале со распоредување на противракетниот систем THAAD во Јужна Кореја. Според нејзините информации, компоненти од батерии THAAD се испорачани во вторникот во воената база во Осан со транспортен авион Ц-17. Меѓу нив и две лансирни рампи.

„Ова е уште еден предизвик за Русија и ние ќе се разбереме со тој предизвик. Генералштабот ќе направи анализа, ќе изведе заклучоци и ќе му презентира на нашето раководство предлози за мерки на одговор“, изјави Озеров.

Според него, тестирањата на балистички ракети во Северна Кореја претставуваат само изговор за распоредување на новата американска ПРО во Јужна Кореја.

„Под изговор за севернокорејска закана тие сакаат ако не да го затворат кругот околу Русија, тогаш, во најмала мера, да ја покријат од запад и исток“, изјави Озеров, потсетувајќи дека Вашингтон „одамна зборуваше за засилување на јужнокорејската група“ за ПРО.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња