Кандидатот за претседател на Франција и лидер на партијата „Национален фронт“ Марин Ле Пен не смета дека Русија е закана за Европа. Ова француската политичарка го изјави во интервју за телевизијата „Си-Би-Ес“.
„Мислам дека тоа е голема измама“, изјави Ле Пен, одговарајќи на прашањето за руската закана за европските држави. „Ќе ви кажам што претставува опасност за Европа. Тоа е водењето студена војна против Русија и туркањето на Русија во рацете на Кина. Ете тоа е заканата за Европа“, потенцираше Ле Пен.
Таа исто така изјави дека не го смета рускиот претседател за закана за Франција и другите земји од европскиот регион. „Ниту една постапка на Владимир Путин не ме тера да дојдам до таков заклучок“, објасни таа.
Првиот круг претседателски избори во Франција ќе се одржи на 23 април, а вториот – на 7 мај. Според резултатите од анкетата на социолошката служба Odoxa објавени во петокот, за кандидатот на „Национален фронт“ планираат да гласаат 25,5% испитаници, пренесува ТАСС.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче