Ова Левандовски го тврди во интервјуто за телевизијата „Фокс Њуз“.
„Она, што можеме да кажеме за претходната администрација, е тоа што тие ги прислушуваа разговорите меѓу сенаторот Џеф Сешнс и амбасадорот на РФ, кога тој се наоѓаше во Сенатот на САД“, изјави Левандовски. „Ако такво нешто се случило, а веројатно се случило, тогаш уште кои разговори тие ги прислушуваат?“, додаде Левандовски.
Покрај тоа, тој изрази загриженост дека администрацијата на поранешниот американски претседател можела да прислушува разговори кои се воделе во њујоршкиот облакодер „Трамп Тауер“.
Претходно беше објавено дека Сешнс не ги информирал своите колеги за разговорот со рускиот амбасадор Кисљак за време на рочиштата за неговото одобрување на функцијата државен обвинител. Во врска со тоа, претставниците на Демократската партија во Конгресот побараа тој да биде отстранет од учество во истрагата за наводните врски на тимот на Трамп со руски официјални лица, а исто така побараа од него да се даде оставка на функцијата. Како одговор на тоа Сешнс соопшти дека повеќе нема да учествува во истрагата во врска со изборите, пренесува ТАСС.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче