Седуммина Руси во топ-100 најбогати луѓе на светот според „Блумберг“

Меѓу првите 100 најбогати луѓе на планетава се најдоа седуммина Руси.

Агенцијата „Блумберг“ го обнови рејтингот на 500 светски милијардери. Меѓу првите 100 влегоа неколкумина Русија – еден од сопствениците и прв човек на „Норилски никел“ Владимир Потанин, сопственикот и првиот човек на бордот на директори на „Северстаљ“ Алексеј Мордашов, првиот човек на групацијата „Ренова“ Виктор Вексељберг и основачот на „УСМ Холдингс“ Алишер Усманов.

Русинот Владимир Потанин го зазема 51 место. Неговото богатство изнесува 16,6 милијарди долари. Алексеј Мордашов е на 54 место со 16,5 милијарди долари. Виктор Вексељберг е 62-ри (14,8 милијарди долари). Алишер Усманов ја зазема 70 позиција (13,9 милијарди долари). Меѓу руските бизнисмени на листата се најдоа и: претседателот на бордот на директори на Новолипецкиот металуршки комбинат (НЛМК) Владимир Лисин (13,9 милијарди), акционерот на конзорциумот „Алфа група“ Михаил Фридман (13,4 милијарди) и главниот сопственик на „Еврохим“ Андреј Мељниченко (11,6 милијарди).

Лидер на рејтингот е основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс со 85,6 милијарди долари. Второто место го зазема американскиот претприемач Ворен Бафет (78,9 милијарди). На третото место е првиот човек на „Амазон“ Џеф Безос (73,5 милијарди). Во првите десет милијардери влегоа и поранешниот претседател на „Индитекс“ Амансио Ортега (69,3 милијарди), основачот на „Фејсбук“ Марк Цукерберг (59,1 милијарди), мексиканскиот бизнисмен Карлос Слим (53 милијарди), како и основачот на ИКЕА Ингвар Кампрад со 42,9 милијарди долари, пренесува „Комерсант“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња