Претседателот на Русија Владимир Путин на 9 март во Москва ќе се сретне со премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху. Ова го соопшти за ТАСС портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
„Да“, одговори портпаролот на Кремљ на прашањето дали Путин во четврток ќе има средба со Нетанјаху.
Како што веќе истакна весникот „Ерусалим Пост“,целта на посетата на Москва може да бидат преговори со Владимир Путин за Сирија. Во февруари, за време на посетата на Вашингтон, израелскиот премиер со претседателот на САД Доналд Трамп разговараше за ситуацијата во Сирија.
Последен пат Нетанјаху беше во посета на рускиот главен град во јуни 2016 година по повод одбележувањето на 25-годишнината од возобновувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче