Литванските власти планираат до последен човек да му се спротивстават на „агресорот“, а активистите веќе формираат „народна доброволечка војска“, соопштува Џон Спаркс од „Скај Њуз“.
Во разговорот со литванските граничари, новинарот дознава дека на границата со Русија се крева ограда висока два метри. „Мислам дека луѓето ќе се чувствуваат многу безбедно“, изјави литвански војник. „Меѓутоа, новинарот се сомнева дека некој може мирно да живее „кога Русија и нејзиниот сојузник Белорусија се толку близу“.
„Литванците се толку шокирани од моменталната политичка ситуација што многумина веќе почнаа да се подготвуваат за војна“, се вели во прилогот, пренесува РИА „Новости”.
Новинарот во Вилнус разговара со членовите на таканаречениот „Стрелечки сојуз“. „Бројот на нашите членови брзо расте. Пред три години имавме 50 членови, а сега сме преку три илјади“, изјави еден од активистите на доброволечката формација чии членови планираат „да му пружат отпор на агресорот“.
Спаркс додава дека официјален Вилнус е особено загрижен поради „нападите на хибридната војна“ и можните провокации на германските војници во Литванија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче