Песков: Русија е подготвена сама да ја продолжи борбата со ИД

Русија е подготвена да ја продолжи борбата со милитантите на „Исламската држава“ дури и без поддршка од САД, изјави портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков.

Одговарајќи на прашањето на ТАСС дали Русија е подготвена сама да ја продолжи борбата против ИД, Песков изјави дека „Москва и онака продолжува“ да го прави тоа, пренесува „Взгљад“.

Претходно во саботата извори во администрацијата на Доналд Трамп изјавија дека американскиот лидер поради притисокот врз неговиот тим може да ги одложи плановите кои предвидуваат работа над договор со Москва за борба против „Исламската држава“.

Трамп претходно изјави за неговите намери да се бори заедно со Русија против ИД, а во светот „никој нема да биде против“ ако САД и Русија заедно „ја растурат од ќотек ИД“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња