Иранската војска на воените вежби на противвоздушните сили на одбраната изврши успешно тестирање на рускиот ракетен систем С-300, пренесува иранската агенција „Тасним“.
„Со лансирање на ракета од овој систем беа погодени и уништени предвидените цели“, се вели во соопштението на агенцијата, која објави фотографии и видео од тестирањето, пренесува РИА „Новости“.
Според информациите на медиумите, во текот на маневрите „Демавенд“, иранските специјалисти реализирале низа тестирања на рускиот ракетен систем со кои е предвидено одработување на различни сценарија за одбивање на можни закани. Во текот на тестирањето војската одработила фази на откривање, идентификување, пресретнување и неутрализирање на цели на С-300.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.