Путин се врати во Москва по ноќта помината во тајгата

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков соопшти дека Путин по ноќта помината во тајгата се вратил во Москва, каде што имаше неколку работни состаноци.

„Претседателот работи во Москва. Тој има редица состаноци и советувања во Кремљ. Во Ново Огарево се планирани за вечерва уште неколку средби. Се работи за вообичаениот дневен распоред на претседателот“, изјави Дмитриј Песков, пренесува „Взгљад“.

По завршениот работен дел од посетата на Краснојарск по повод Универзијадата која се одржи во 2019 година, Путин се упати на еднодневен одмор во сибирската тајга, каде што и преноќи.

Ова не е првпат Путин да одмора во далечните предели на Сибир – во 2014 година за својот роденден тој зеде слободен ден и го помина во сибирската тајга, далеку од цивилизацијата. Подоцна Путин изјави дека тој ден тој пешачел речиси девет километри.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња