НАТО генерал: Сајбер-напад може да се смета за чин на агресија

Заменик-командантот на силите на НАТО во Европа, британскиот генерал Адриjан Бредшо не исклучува дека „лажните“ вести, сајбер-нападите и политичките напади против една од земјите-членки на НАТО да бидат оценети како агресија против целата Северноатлантска алијанса, пишува „Тајмс“.

Според Бредшо, „руските“ сајбер-напади можат да се протолкуваат според членот 5 од договорот на НАТО за колективна безбедност, кој предвидува дека напад врз една од членките на Алијансата е напад врз целиот НАТО-пакт.

Одговарајќи на прашањето на весникот дали членот 5 се однесува на дезинформација и мешање во избори, Бредшо одговори: „Тоа е политичка одлука, но не е исклучено дека агресијата, отворената агресија, не само во воената сфера, може да се толкува според членот 5“.

Според Бредшо, Северноатлантската алијанса не може да се бори само против воени амбиции. Организацијата треба потесно да соработува со ЕУ во сферата на дипломатијата, политиката, економијата и информациите. Во спротивно се зголемува ризикот од воен судир.

„Тоа не е само прашање на воено одвраќање. Нам ни е потребно и хибридно одвраќање“, изјави генералот, нагласувајќи дека треба да се заштити важниот имот на Алијансата „од агресија во секоја сфера“, пренесува „Лента.ру“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња