Захарова: Си-Ен-Ен го допре медиумското дно

Портпаролот на МНР Русија Марија Захарова го коментираше материјалот на Си-Ен-Ен во кој се тврди дека рускиот амбасадор Сергеј Кисљак „се смета од страна на американските специјални служби за високопозициониран шпион и врбувач“, истакнувајќи дека телевизијата веројатно го допрела медиумското дно.

„Што мислите, ова е медиумско дно или можат уште да паѓаат?“, напиша Захарова на својата страница на „Фејсбук“.

 

 

Како што тврдат американските медиуми, сегашниот министер за правда на САД и државен обвинител Џеф Сешнс минатата година како сенатор наводно двапати комуницирал со амбасадорот на Русија Сергеј Кисљак во текот на претседателската трка во САД. Сешнс изјави дека не дискутирал со руски претставници за изборите во САД. Меѓутоа, Сенатот веќе го повика да поднесе оставка поради „контакти со Русија“.

Контактите со амбасадорот на Русија Сергеј Кисљак претходно беа повод за оставка на советникот на Трамп Мајкл Флин, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња