Медведев: никој нема да ги укине антируските санкции

Руските земјоделци не треба да се плашат од укинување на западните санкции - никој нема намера да ги укине, изјави премиерот на Русија Дмитриј Медведев.

„Не треба да се плашиме, никој нема да ги укине санкциите. Како што неодамна реков, нашите партнери цело време донесуваат одлуки за тие санкции да имаат постојано важечки карактер, ги кодифицираат во законодавството“, изјави Медведев, пренесува RT.

Како што потенцираше рускиот премиер, тоа создава „многу добри услови“ за развој на домашното земјоделство.

Претходно Дмитриј Медведев повика Русија да се подготви да живее во услови на санкции „неопределено долго“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња