Претседателот на Украина Петро Порошенко од моментот на заострувањето на ситуацијата во Донбас имал два телефонски разговора со претседателот на Русија Владимир Путин, соопшти прес-службата на администрацијата на шефот на украинската држава, пренесува „Интерфакс-Украина“.
„За време на заострувањето на ситуацијата во Донбас, за да се запрат постојаните гранатирања на Авдеевка и да се воспостави снабдувањето со електрична енергија на градот, како и да се ослободат заложниците, вклучително и Олег Сенцов, Роман Сушченко, претседателот на Украина одржа два телефонски разговора со претседателот на Русија“, соопшти кабинетот на Порошенко, пренесува „Газета.ру“.
Прес-службата истакна дека тие контакти се одржале во координација со европските партнери во „Нормандискиот формат“.
Како што соопштува кабинетот, одделно соопштение за тие разговори немало „поради немањето резултат“.
Кремљ потврди дека „имаше размена на мислења и изразување заемна загриженост во врска со ескалацијата на напрегнатоста“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесува „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче