Анкета: Путин ужива максимална поддршка од почетокот на годината

Податоците од секојдневната анкета на „ВЦИОМ-Спутник“ покажуваат дека стапката на одобрување на работата на претседателот на Русија Владимир Путин на крајот на февруари според просечните вредности за една недела достигнал највисоко ниво од почетокот на оваа година и изнесува 86,1%.

Во текот на јануари и првата недела на февруари работата на шефот на руската држава ја одобрувале 85% од испитаниците, следи од материјалите на истражувањето на сајтот на ВЦИОМ.

Во однос на работата на премиерот Дмитриј Медведев, таа во моментов е позитивно оценета од 60,7% од испитаниците, а работата на владата ја одобруваат 64,0% од анкетираните.

Изборниот рејтинг на партијата „Единствена Русија“, која има уставно мнозинство во Думата, по малиот пад во почетокот на февруари покажа раст достигнувајќи 51,1% во периодот од 20-26 февруари, што се беше неделен максимум оваа година.

На крајот на декември минатата година индексот на одобрување на работата на Путин достигна годишен максимум и изнесуваше 86,8%, пренесува „Взгљад“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња