Командантот на операцијата „Непоколеблива решителност“ во Ирак и Сирија генерал Стивен Таунсенд тврди дека руската авијација по грешка бомбардирала позиции на единици кои тој ги нарекува „Сириска арапска коалиција“ на 15-20 км од градот Манбиџ.
„Вчера руски авиони и авијацијата на режимот (сириските владини сили) бомбардираа некои села кои, како што мислам, според нивното мислење, биле позиции на ИД. Но, всушност, на теренот се наоѓаа силите на Сириската арапска коалиција“, изјави командантот, пренесува ТАСС.
„Овие напади беа извршени врз низа позиции на Сириската арапска коалиција. Ние веднаш направивме неколку телефонски повици, користејќи го нашиот канал за спречување на инциденти, Русите го признаа тоа и престанаа со бомбардирањето таму“, потврди Таунсенд во разговор со новинари преку видеоконференција од Багдад. Според неговата верзија, споменатите единици „претрпеле некакви загуби“. Силите на западната коалиција, пак, се наоѓале на растојание од тоа подрачје.
Таунсенд додаде дека ударите за кои тој зборува биле нанесени „15-20 километри од Манбиџ“, без да прецизира за кои поточно населени места станува збор.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче