Русија најголем инвеститор во Украина во 2016 година

Рускиот бизнис вложил во економијата на Русија во 2016 година 1,67 милијарди долари – 38% од вкупниот удел на инвестициите, се вели во отчетот на Државната служба за статистика на Украина.

Вкупно минатата година Киев добил 4,4 милијарди долари странски инвестиции, што е за 642 милиони повеќе во споредба со 2015 година (3,7 милијарди долари). Главни инвеститори во Украина, покрај Русија, се Кипар - 427,7 милиони долари, Велика Британија - 403,9 милиони, Холандија – 255 милиони и Австрија со 249,9 милиони долари, пренесува УНИАН.

Најзначителни инвестиции имало во установите и организациите кои вршат финансиска и осигурителна дејност - 2,8 милијарди долари, трговијата на големо и мало - 524,9 милиони долари, како и во индустријата – 475 милиони.

На 28 февруари членот на советот на Националната банка на Украина Василиј Фурман изјави дека Киев смета да добие уште една транша од Меѓународниот монетарен фонд. Според него, средствата од ММФ се позитивен сигнал за меѓународниот бизнис, пишува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња