МНР РФ: Санкции против Дамаск само ќе го ослабат антитерористичкиот фронт

МНР РФ повикува на откажување од едностраните санкции и засилување на борбата со терористичките групи.

Министерството за надворешни работи на Русија смета дека авторите на резолуцијата за Сирија, на која претходно Москва стави вето, имале за цел заострување на ситуацијата во САД, се вели во изјавата на МНР РФ.

„Западната „тројка“ свесно и очигледно со провокативни цели појде на раскол во СБ ООН и поднесување проект, со претходно знаење дека тој за Русија (и не само за неа) е неприфатлив и на кој ќе биде ставено вето“, изјави рускиот дипломатски ресор.

Министерството истакнува дека авторите на секаков начин бегале од барање компромис, од што е очигледно дека „нивната цел се состоеше не во барање ефикасни општо прифатливи решенија, ами во поларизација на пристапите и заострување на ситуацијата“.

МНР РФ заклучува дека во моментов „императив за сите“ треба да биде борбата со ИДИЛ, како и со останатите терористички групи во Сирија.

„Сите еднострани или повеќестрани санкции против Дамаск само ќе го ослабат меѓународниот антитерористички фронт“, се вели во изјавата што ја пренесува „Лајф“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.