На почетокот на видеото се вели дека ЕУ се однесува спрема Украина како спрема суровински додаток и колонија, дека била против трговската блокада на Донбас и го поддржала планот на владата за реинтеграција на регионот. Авторите на видеото ја обвинуваат ЕУ за тоа дека диктира кои херои на Украина да се почитуваат и какви закони да се донесуваат, а во најтешките времиња за неа се ограничуваше со „длабока загриженост“.
„Украинското чиновништво во желбата да му се додвори на новиот газда закачи секаде каде што можеше знамиња на ЕУ. Но Украина не е колонија на ЕУ. Украина не е колонија на РФ“, се вели во објаснувањето за одржаната акција.
На крајот на видеото учесниците во акцијата ги ставаат на купче знамињата и ги газат.
„ЕУ може да биде наш сојузник, но никогаш нема да биде наш господар“, резимираат авторите на видеото што го пренесува „Шариј.нет“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче