Дијапазонот на цените извозните договори на „Гаспром“ во 2017 година ќе изнесува од 180 до 190 долари за илјада кубни метри, изјави во текот на презентацијата на Денот на инвеститорите заменик-претседателот на управата на рускиот концерн Александар Медведев, пренесува „Интерфакс“.
Во 2016 година просечната цена на гасот за извоз изнесуваше 167 долари за илјада кубни метри, потсети тој. Минатата година „Гаспром“ извезе во странство рекордни 179,3 милијарди кубни метри гас. Ова ја претставува вкупната потрошувачка на гас во Јапонија, Сингапур, Јужна Кореја и во Виетнам, се вели во презентацијата за средбата со инвеститорите во Азиско-Тихоокеанскиот регион во Сингапур.
Во 2016 година компанијата обезбеди 34% од европскиот пазар на гас и до 2025 година има намера да го задржи уделот од 35%, се вели во презентацијата.
„За разлика од спортот ние своите рекорди ги поставуваме без употреба на допинг – без било какви субвенции за кои на крајот ќе платат потрошувачите“, коментираш Медведев во својот извештај.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче