ООН го коментираше руското признавање на пасошите на ДНР и ЛНР

Високиот комесар на ООН за бегалци Филипо Гранди изјави дека пасошите на самопрогласените ДНР и ЛНР се важни, затоа што на луѓето им се потребни документи, но тоа не треба да му попречи на мировниот процес во Донбас.

„Не знам. Од една страна, важно е луѓето да имаат документи. Но, од друга страна, не треба да се преземаат чекори кои го усложнуваат минскиот мировен процес“, изјави Гранди во интервју за весникот „Коммерсант“.

Гранди истакна дека не вели дека признавањето на пасошите на ДНР и ЛНР е чекор кој го усложнува решението.

„Но треба да се знае дека главната задача е да се дојде до решение“, потенцираше тој.

Гранди истакна дека пасошите на ДНР и ЛНР не треба да се сметаат за нешто како пасоши од видот на Нансеновските пасоши, затоа што тие се издавале на лица без државјанство и без документи, а со издавањето се занимавала меѓународната Лига на народи.

Претходно ДНР соопшти за нагло зголемување на бројот на пријави за пасоши на самопрогласената република по нивното признавање од страна на Русија, пишува „Газета.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња