„Адмирал Григорович“ плови кон Сирија

Фрегатата „Адмирал Григорович“ се упати кон бреговите на Сирија.

Фрегатата „Адмирал Григорович“ исплови од Севастопол и се упати кон бреговите на Сирија, изјави извор во безбедносните структури на Крим.

„Во првата половина на денот (вторник, 28 февруари) фрегатата ќе ги помине теснеците,  до вечерта веќе ќе биде во составот на руската бродска група. Екипажот на бродот е подготвен, ги помина сите потребни проверки и е подготвен во целосна мера да ги извршува поставените задачи во далечна поморска зона“, соопшти изворот, пренесува „Лента.ру“.

„Адмирал Григорович“ веќе беше во мисија во источниот Медитеран во ноември-декември 2016 година. На 15 ноември тој изврши напад со крстосувачки ракети 3М14 врз објекти на милитантите во сириските провинци Хомс и Идлиб.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња