На 89-то доделување на филмските награди „Оскар“ се случи скандал. Организаторите по грешка ги измешаа ковертите за најдобро остварување на годината - Ворен Бити и Феј Данавеј го прогласија филмот „Ла Ла Ленд“ за најдобар филм на годината, а кога авторите на филмот на сцената веќе им се заблагодарија на сите, беше соопштено дека победник е сепак филмот „Месечина“.
Оваа грешка стана највпечатливиот момент на церемонијата, а корисниците на социјалните мрежи веднаш, на шега или не, коментираа дека за сѐ се повторно виновни „руските хакери и КГБ“, пренесува RT.
Оној момент кога ќе дознаеш дека руските хакери организирале „Оскаргејт“, пишува „Ред Пил“ (The Red Pill).
„Дали некој во Холивуд веќе го обвини Владимир Путин?“, пишува Пирс Морган.
„Ворен Бити е таен агент на непостојното КГБ, сѐ уште работи за Путин и Трамп. Потребна е расправа во Конгресот“, пишува корисникот Ден.
Приказната со погрешни коверти беше поврзана и со резултатот од претседателските избори во САД:
Некои корисници на социјалните мрежи сепак се прашуваат: ако ги измешале последните две коверти, зошто на сцената има три?
Why are there THREE? envelopes on the stage? #Oscars#MOONLIGHT#lalaland#academyawards#WarrenBeatty@accesshollywood@TMZ@enews@KTLApic.twitter.com/s7DLdtPh1D
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче