„Вкупно околу 140 авиони и хеликоптери треба да пристигнат во ВКС оваа година. Плус уште и поморската авијација, според тоа, вкупно околу 160 единици нова техника“, изјави Бондарев во неделата.
Според зборовите на командантот на ВКС РФ, вкупната опременост со авијациска техника на единиците на ВКС Русија во моментов изнесува 100%, додека уделот на новата техника е околу 55%.
„Проблеми со испорака на техниката во моментов не гледам“, потенцираше Бондарев, пренесува „Интерфакс“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.