Русија ги осудува „варварските акции“ на екстремистите во Хомс и тие треба да бидат соодветно „строго“ осудени, се вели во коментарот на Министерството за надворешни работи на Русија во врска со терористичкиот напад во сирискиот град Хомс.
Руското МНР истакнува дека не треба да се дозволи реализација на плановите на терористите за запирање на напорите на меѓународната заедница во Астана и Женева за обезбедување постојан прекин на огнот во Сирија и започнување движење напред кон политичко решение во таа земја.
Претходно беше соопштено дека двајца бомбаши-самоубијци извршител напад врз воени објекти во Хомс. Според информациите на МНР РФ, загинале не помалку од 34 лица, пренесува „Газета.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче