„Киев има план за враќање на Крим и Донбас“

Министерот за внатрешни работи на Украина Арсен Аваков изјави дека властите во Киев имаат план како да ги вратат Крим и Донбас во состав на Украина.

Киев има конкретен план за враќање на Крим и Донбас под своја контрола и на тоа поле територијалниот интегритет на Украина не е предмет на дискусија, изјави министерот за внатрешни работи на Украина Арсен Аваков во интервју за украинската телевизија „1+1“.

Според зборовите на Аваков, тој план го разработуваат дипломати и „апсолутно не е поврзан ниту со најмали отстапки“. Шефот на украинската полиција додаде дека и тој е дел од оние кои „работат на таа ситуација“.

Според негово мислење, проблемот со враќањето на Крим и Донбас може да се реши брзо и по дипломатски, а не по воен пат, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња