Руската војска достави 2,6 тони хуманитарна помош во Алепо

Покрај тоа, руските авиони испорачаа со падобрани во реонот на Деир ез-Зор 20,4 тони хуманитарна помош (храна) која сириските власти ја добиле од ООН.

Рускиот центар за помирување на завојуваните страни спроведе две хуманитарни акции во Алепо и во населеното место Катана на провинцијата Дамаск.

„Во градот Алепо во квартот Шагба Ждиде се предадени 150 пакети со прехранбени продукти. Уште 450 пакети со вкупна маса од 1,8 тони им се предадени на жителите на населеното место Катана во провинцијата Дамаск“, пишува во соопштението на Центарот што го пренесува „Интерфакс“.

Според податоците на Центарот, хуманитарна помош добиле 600 жители. Вкупната маса на доставената хуманитарна помош изнесува 2,6 тони.

Покрај тоа, руските авиони испорачаа со падобрани во реонот на Деир ез-Зор 20,4 тони хуманитарна помош (храна) која сириските власти ја добиле од ООН.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња