На Трамп му подготвувале провокација со знаменца на РФ

На Конференцијата на конзервативните политички акции CPAC на која зборуваше претседателот на САД Доналд Трамп беше организирана провокација со руски знаменца, пишува „Вашингтон Егзаминер“.

Непознати лица, како што се тврди, делеле на собирот руски знаменца со името на претседателот на САД Трамп. Според пишувањето на „БазФид“ (BuzzFeed), многумина биле збунети од името на знаменцето и почнале со нив да мавтаат. Организаторите почнале да ги одземаат знаменцата, предупредувајќи ги присутните дека ќе ги извадат од салата доколку продолжат да ги користат.

Одговорноста за акцијата ја презедоа двајца учесници од движењето „Америка презема иницијатива“, а едниот од нив, Рајан Клејтон, изјави дека ги делел знаменцата обраќајќи им се на присутните со прашање изговорено со силен руски акцент: „Трамп и Путин се добри лидери, нели?“. Активистот Џејсон Чартер тврди дека со колегата успеал да подели околу илјада знаменца, пишува „Вашингтон Егзаминер“.

Како што изјавија, тие сакале да укажат на очигледната и директна опасност што ја претставува наводната поврзаност на Трамп со Русија. „Путин го избра Трамп, затоа што тоа е добро за Русија, а не затоа што тој ѝ одговара на Америка. Ние мораме полека да го отстраниме Трамп од функцијата, тој е предавник на земјата што ја сакам“, изјави активистот, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.