Иран се договори со Русија за производство на нуклеарно гориво

Властите на Иран и Русија ја одобрија „патната карта“ за заедничко производство на нуклеарно гориво, изјави потпретседателот на републиката и прв човек на Иранската организација за атомска енергија Али Акбар Салехи.

Според Салехи, прашањето за заедничко производство на горивото било „една од најполезните точки“ за кои се дискутирало во рамките на преговорите за нуклеарната програма. „Разговаравме за тоа дека ни треба помошта на Русија во оваа област“, изјави Салехи во интервју за агенцијата „ИСНА“.

Тој истакна дека успеале да се договорат за консултации од страна на Русија. „На тој начин, по долгите и интензивни преговори, кои траат повеќе од две години, нашето меѓусебно разбирање резултираше со патна карта“, изјави Салехи, потсетувајќи на посетата на неговиот заменик Бехруз Камалванди на Москва на крајот на јануари.

„Господинот Камалванди во текот на последното патување во Русија ја состави таа патна карта. Треба да се каже дека патната карта беше потврдена од властите на двете земји“, истакна Салехи, пренесува „РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња