Русија е категорично против евентуалниот прекин на договорот „СТАРТ 3“ и ќе инсистира на продолжување на овој договор како основа за безбедноста во светот, изјави за РИА „Новости“ претседателот на комитетот на Советот на Федерацијата за одбрана и безбедност Виктор Озеров.
Претходно претседателот на САД Доналд Трамп го нарече договорот „СТАРТ 3“ со Русија „унилатерален“ и вети проширување на нуклеарниот потенцијал на САД. Според него, „СТАРТ 3“ „е уште една лоша зделка што јас склучила нашата земја“.
„Се разбира, Русија е категорично против прекинот на важноста на овој договор, ние ќе инсистираме на негово продолжување“, изјави Озеров.
Според него, „СТАРТ 3“ претставува „основа за светската безбедност“ и е направен со цел ниту една од страните да не биде оштетена во своите права.
Покрај тоа, додаде Озеров, откажувањето од договорот може да стане лош пример за другите земји кои се стремат да дојдат до посед на нуклеарно оружје. „Ако САД имаат намера да го игнорираат „СТАРТ 3“, тоа ќе отвори простор за Северна Кореја и низа други држави“, изјави рускиот сенатор.
Русија и САД го потпишаа договорот „СТАРТ 3“ во 2010 година. Договорот предвидува намалување на стратешки носачи од секој страна на 700 единици и 1550 нуклеарни боеви глави. Документот стапи на сила во 2011 година, а неговата важност истекува во 2021 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче