Русија ќе стави вето во СБ ООН на резолуцијата за хемиско оружје во Сирија

Русија ќе стави вето на предлог-резолуцијата на Советот за безбедност на ООН која предвидува воведување санкции против голем број на физички и правни лица од Сирија за кои се претпоставува дека се вмешани во употребата на хемиско оружје во земјата, изјави заменикот на постојаниот претставник на Русија во ООН Владимир Сафронков.

Резолуцијата „е насочена против една страна, врз основа врз недоволно докази. Сама по себе резолуцијата е спротивна на основното начело на презумпција на невиност до крајот на истрагата“, изјави Сафронков, пренесува RT.

Тој истакна дека врз мисијата основана од СБ ООН за истражување на случаи со употреба на хемиски супстанции за воени цели во Сирија се врши притисок за да се добие „едностран извештај“.

„Ние истапивме со свој алтернативен поглед за овој механизам, така што тоа е провокација и јас тоа го објаснив“, истакна Сафронков.

Притоа постојаниот претставник на САД во ООН Ники Хејли изјави дека „сега е вистинското време да се донесе резолуција“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња