МО РФ одговори на критиките за макетата на „Рајхстагот“ во Москва

Изградбата на објектот на кој, според замислата, ќе јуришаат „Јуноармејците“, ги вознемири германските политичари.

„Создавањето на полуразрушената од жестоките борби во мај 1945 година макета на Рајхстагот ќе стане значаен елемент на воено-историскиот пејзаж на паркот „Патриот“, што ја симболизира победата над нацизмот и заедно со другите објекти на паркот ќе служи за патриотско воспитување на младите граѓани и гости на Русија од други земји“, изјави во петокот портпаролот на руското Министерство за одбрана генерал-мајор Игор Конашенков.

„Нападите по тој повод од некои германски политичари не само што предизвикуваат крајна збунетост, но и тераат на размислување за тоа до какви убедувања всушност се придржуваат тие во однос на „градителите“ на Третиот Рајх во 1933-1945 година“, изјави тој, пренесува „Интерфакс“.

Според него, истакнувањето на црвеното знаме на зградата на нацистичкиот Рајхстаг од страна на војниците на Црвената армија во мај 1945 година е еден од највпечатливите и најпрепознатливи ширум светот симболи на победата над германскиот нацизам и крајот на Втората светска војна.

Претходно повеќе германски политичари и пратеници во Бундестагот ја нарекоа изградбата на макетата на Рајхстагот провокација, барајќи од германската влада да ѝ изрази незадоволство на Русија.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња